Екстра три месеци скратено работно време за родителите во „Рептил“
19 Mar 2019
Компанијата „Рептил“ донесе одлука за дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство и се приклучи кон иницијативата на компаниите „Витаминка“, „Макпрогрес“ и „Европа“.
Станува збор за бенефиција со која вработените кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.
Вработените се најважни, со добри и задоволни вработени и купувачите се задоволни. Ние тоа го знаеме и затоа моќта и силата на „Рептил“ доаѓа од вработените. Во многу ситуации покажавме дека се грижиме за своите вработени бидејќи сите сме дел од семејството на „Рептил“. Нашата компанија вработува повеќе од 300 работници од кои сигурно 90 отсто се од женски пол. Затоа решивме и ние да се приклучиме кон инцијативата за подобро и здраво општество. Рептил ги поддржува фамилијарните вредности и верува дека децата се нашето најголемо богатство. Покрај здравите и среќни деца треба да застанат одморени и насмеани мајки” истакна управителот Даница Блажеска Личанин.
Маркетите „Рептил“ постојат 23 години. Од компанијата велат дека „и во моментов 15-те маркети постојано ја одржуваат топлината на локална (маалска) продавница со давање врвна услуга на купувачите покрај богатиот асортиман и пристапните цени“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.