Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во јануари 2019 година, изнесува 25. 534 .424 денари и бележи пад од 1.9 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2019 година, изнесува 35. 037. 733 енари, што е за 1.4 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците од Заводот за статистика.
Трговскиот дефицит во јануари годинава изнесуваше 9. 503. 308 денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2019, изнесува 72.9 отсто. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во јануари 2019 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Бугарија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.