Македонија е на 28. место во светот според извозот на вино и на 173. според увозот, објави специјализираната веб-страница за статистика www.worldstopexports.com.
Од извозот на вино, минатата година земјава реализирала 52,4 милиони долари што претставува 0,1% од извозот на вино во светски рамки. Вредноста на македонскиот увоз, пак, лани достигнала 699.000 долари што претставува 0,002% од извозот на глобално ниво.
Според „Ворлдс топ експортс", светски лидери во извозот на вино се Франција (10,3 милијарди долари), Италија (6,8 милијарди долари), Шпанија (3,3 милијарди долари), Австралија (2,1 милијарда долари) и Чиле (2 милијарда долари), а најголеми увозници се САД (6,2 милијарда долари), Велика Британија (4,1 милијарди долари), Германија (2,9 милијарда долари), Кина (2,8 милијарда долари) и Канада (1,9 милијарда долари).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.