Македонија

Косово ја повлече одлуката за зголемените царини

01 Aug 2018
Косовската Влада ја укина во целост одлуката за зголемените царини, соопшти министерот за економија Кресник Бектеши.
 
Како што информира Бектеши на прес-конференција, ова е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји.
 
Косово ја повлече одлуката во целост, а претходно на владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна на петочната средба во Приштина, истакна Бектеши.
 

Косово ја воведе одлуката на 18 јули годинава и со неа царините за вкупно 21 земјоделски производ беа зголемени за 30 отсто. По бројни реакции одлучи да ги намали повисоките царини само за одредени производи, но не и за седум најбитни за нас, меѓу кои доматите, пиперките и грозјето, кои имаат сезонски карактер и опфаќаат најголем дел од нашиот извоз во таа земја. Новата одлука од Косово за намалување на царините ќе важи за сите земјоделски производи. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...