Македонија

Нови компјутери за Универзитетската библиотека

05 Jul 2018

Компанијата „Нестле" донираше девет „all-in-one" компјутери за Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски" во Скопје.

За оваа донација, компанијата во текот на кампањата „Nescafé 3in1 Start Smart" одвојуваше средства од продажбата на секој производ Nescafé 3in1 и Nescafé 2in1.

Компјутерите, кои може да ги користат сите студенти, се поставени во главниот хол на библиотеката, а како што најавуваат од „Нестле", за да бидат уште подостапни за корисниците во план е на нив да се постават дигитализирани материјали. Освен тоа, студентите и другите посетители имаат можност да ги користат компјутерите за истражувања, пишување трудови, групна работа и за други секојдневни обврски во текот и по завршувањето на студиите.

Посетителите на библиотеката се исклучително задоволни со новата опрема, нагласи Марко Цуцуловски, раководител на „Св. Климент Охридски", и додаде: Сигурни сме дека донацијава ќе го унапреди квалитетот на школување и знаењето на многу млади луѓе. Засега, компјутерите најмногу ги користат студентите на медицина, на кои атласите што им се неопходни за студирање, им се подостапни.

Соња Шливиќ, бренд-менаџерка на Nescafé 3in1, истакна дека „Нестле" секогаш ќе ги поддржува младите во дополнителното усовршување и образовани и дека тоа е обврска на сите големи компании.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...