На денешната прес – конференција, премиерот Христијан Мицскоски истакна дека една од мерките што тој ќе ги предложи на седница на Влада е цените на сите производи во маркетите да бидат објавени на веб страна, па да можат граѓаните сами да одлучат каде да пазаруваат.
Според премиерот Христијан Мицкоски, ова ќе биде една од работите за кои ќе се дискутира и граѓаните на тој начин јасно ќе видат кои се цените и самите ќе одлучат.
Не би сакал да шпекулирам, еве една од мерките која што сакам да ја кажам и ќе ја предложам на Влада, сите ланци на овие супер маркети, хипер маркети да имаат јавна веб страна, транспарентна, на која што ќе ги објават сите цени на сите производи кои што ги имаат во своите маркети, да можат граѓаните да видат јасно колкави се цените, и оние самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот и да ги следиме тие трендови и да направиме некаков хистограм на движење на тие цени, изјави Мицкоски како одговор на новинарско прашање.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.