Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), цените на зеленчукот во октомври годинава се зголемиле за 47,7% во споредба со истиот месец од претходната година. Цените на овошјето пораснале за 6,8%, а виното поскапело за 14,6%.
Од друга страна, цените на житарките, како пченица и ориз, се намалиле за 11%, а на компирот за 3,9%.
На страната на трошоците, најголемо зголемување е забележано кај ветеринарните услуги (9,5%) и одржувањето на опремата и зградите (6,4%). Намалување има кај ѓубривата (6%) и кај енергијата и семињата (7,4%).
Извор: Државен завод за статистика
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.