Македонија

Владата ќе разговара со производителите и трговците за предлогот за замрзнување на цените

16 Sep 2024

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека предлогот за замрзнување на цените на дел од производите или за ограничување на висината на маржата можно е утре да не биде ставен на разгледување на владината седница, доколку е потребно време за усогласување на засегнатите страни.

Производителите, трговците и Владата ќе разговараат за да се најде најдобриот начин да им се помогне на граѓаните, но и да биде задоволна и другата страна во однос на намалувањето на цените на прехранбените продукти, истакна премиерот.  

Во врска со  примената на Законот за нефер трговски практики што на 28 овој месец треба да стапи во сила и со кој се очекува намалување на цените на дел од производите за околу 20 отсто, премиерот истакна дека не се согласува со таа констатација.

Не би рекол дека ќе паднат цените за 20 проценти. Производителите тоа го кажуваат, трговците друго кажуваат и кога ќе ги видите соопштенијата што доаѓаат од коморите и од различните структури тогаш ќе се доведеме до една збунувачка ситуација. Утрово разговарав и со претседателот на Стопанската комора и конечно побарав од нив став што да правиме. Еве нека ни кажат бидејќи добиваме различни писма. Дали ние како Влада да останеме на ставот за примена на законот или да го одложиме. Како ќе кажат тие така ќе направиме, истакна премиерот Мицкоски.

 

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...