Viva водечкиот македонски бренд за безалкохолни овошни пијалаци, го освежи визуелниот идентитет на своите овошни ладни чаеви.
Добро познатите пијалаци за сите возрасти сега се достапни со нов освежен изглед. Оваа категорија на производи, со вкусови на праска, брусница и лимон во пакувања од 1,5 литри и 0,5 литри, сега имаат нови редизајнирани етикети кои го истакнуваат квалитетот и свежината на овие пијалаци.
Нашата цел е секогаш да бидеме во тек со актуелните трендови и да ги задоволиме очекувањата на нашите потрошувачи. Новиот дизајн не само што го рефлектира нашиот ангажман за квалитет, туку ја нагласува природната свежина на нашите производи, велат од менаџментот на компанијата.
Ладните овошни чаеви од портфолиото на Viva кои се присутни на македонскиот пазар веќе 15 години, достапни се и во земјите од Блискиот Исток.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.