10. FMCG SUMMIT нуди ексклузивна можност претставници од компаниите и од Владата на панел-дискусија да поразговараат на тема: Како до FAIR PLAY во малопродажниот сектор? Своите мислења, коментари и решенија ќе ги споделат Бесар Дурмиши, министер за економија, Виктор Петков, генерален менаџер и сопственик на „Випро“, Џемаил Даути, генерален директор на „Даути комерц“ и Драган Иванов, генерален менаџер на ЛКА.
Како и минатата година, ќе дискутираме и ќе се обидеме да најдеме решенија кои ќе го поттикнат развојот на FMCG-секторот. Модераторот Горан Теменугов и оваа година ќе ги предочи актуелните предизвици настанати по донесувањето на Законот за нефер трговски практики:
Колку е фер Законот за нефер трговски практики?
Дали законот ќе придонесе за создавање фер-услови на пазарот?
Кои се можните решенија за надминување на актуелните предизвици?
Оправдани ли се очекувањата дека овој закон конечно ќе донесе ред и во цените?
Резервирајте го 31 октомври и проследете ги најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот
КОТИЗАЦИИ
1 учесник – 199 евра
2 до 3 учесници од компанија – 189 евра по лице
4 до 6 учесници од компанија – 179 евра по лице
За 7 и повеќе учесници од компанија – 169 евра по лице
*Цените се без ДДВ
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
info@fmcg-summit.mk
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.