FMCG Македонија 2024

Драган Теодоровиќ говорник на 10 FMCG Summit на тема: Пазарните информации како клуч за успех

21 Oct 2024

На 10 FMCG Summit кој ќе се одржи на 31 октомври во „Александар Палас“ Драган Теодоровиќ од NielsenIQ ќе ни даде клучни увиди во пазарните трендови и динамиката на деловното опкружување во Македонија, со акцент на растот на цените во споредба со претходната година.

Ќе видиме детален приказ по категории на производи, вклучувајќи го растот или падот на продажбата по категории и нивната промена на цени. Ќе има и осврт на учеството на приватните трговски марки и споредба на нивното значење во Македонија и Србија, како и важноста на промоциите.

Драган Теодоровиќ доаѓа од компанијата NielsenIQ, каде е вработен повеќе од 18 години. Моментално е на позицијата Client Business Partner во секторот за малопродажба и е задолжен за соработка со трговците на пазарите во Србија и Македонија.

Во текот на својата кариера, тој соработувал со сите водечки трговци со аналитичка подршка и увид во пазарните настани за полесно и побрзо одлучување. Тој е одговорен за регрутирање на нови трговци на мало со цел да се прошири панелот за малопродажба, како и за подобрување на внатрешната аналитика кај трговците на мало преку софтверски решенија NIQ.

Резервирајте го 31 октомври и проследете ги најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот

 

 

 

КОТИЗАЦИИ

 

1 учесник – 199 евра

2 до 3 учесници од компанија – 189 евра по лице

4 до 6 учесници од компанија – 179 евра по лице

За 7 и повеќе учесници од компанија – 169 евра по лице

 

*Цените се без ДДВ

 

 

 

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

info@fmcg-summit.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...