Регион

Дали трговскиот синџир „Тропик“ ќе влезе на српскиот пазар?

25 Oct 2024

Еден од најголемите трговски синџири во БиХ, „Тропик“ наводно се подготвувал за ширење на пазарот во Србија.

Како што пренесува „Блумберг Адрија“, „Тропик“ ќе отвори неколку објекти во Белград и во Нови Сад.

„Тропик“ веќе одреден приод бара адекватен простор. Засега се пронајдени четири локации во Белград и Нови Сад, а нивното барање е секој од просторите да има над 1.000 квадратни метри. Овој трговски синџир на купувачите им нуди прехранбени производи, но и друга роба, па така во продавниците имаат леб и кафе, но и косилки за трева, изјавил за „Блумберг Адриа“, соговорникот кој бил запознат со плановите на трговскиот синџир.

Според сознанијата на „Блумберг“, компанијата планира да запонче со работа во Србија во 2026 година или најдоцна до 2027 година.

„Тропик“ како компанија има амбиции да се шири на пазарот во БиХ, но сѐ уште не можеме да ја потврдиме информацијата за влез на пазарот во Србија, изјавиле од компанијата за Бизнисинфо.ба.

„Тропик“ е во сопственост на Мирко Рисковиќ и неговото семејство, а компанијата е позната по својот синџир на продавници „Црвена јабука“.

 

Извор: eKapija

Фото: „Тропик“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...