Македонија

Објавена листата производи со „гарантирана цена“

19 Sep 2023

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на прес - конференција објави групи на прехранбени производи кои согласно владината одлука треба да поевтинат за 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август во трговијата на мало. Тие во маркетите ќе бидат обележани со „гарантирана цена“ и тоа ќе важи до крајот на ноември 2023 година.

Листата со групи од по 25 производи е утврдена и цените ќе треба да се применат откако таа ќе биде објавена во „Службен весник“, најверојатно веќе од утре. 

Станува збор за следните производи кои треба да ги намалат своите цени за 10 отсто вo однос на цените од 1 август: леб, пекарски производи, бисквити, наполитанки, пилешко, јунешко, свинско, салама, паштета, кравјо млеко, јогурт, јајца, овошје, зеленчук, сирење....Бектеши ги повика производителите и трговците да се искоординираат, бидејќи пазарните инспектори ќе издаваат казнени налози со „забрана за вршење дејност“, односно продавниците ќе бидат затворани.

Треба да ги одбележат сите овие производи со натписот „гарантирана цена“, која е објавена на веб-страницата на Министерството за економија и овие производи количински да ги снабдуваат најмалку за 70 отсто во однос на количините од месец август 2023, рече Бектеши.

Еве ја листата: 

 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...