На Денот на жената – 8 Mарт велешката компанија „Жито“ отвори нов маркет, лоциран на улицата Гоце Делчев, бр. 102 во Гостивар.
Како што информираат од компанијата, на површина од околу 700 метри квадратни метри, новиот „Жито“ ќе ги понуди сите погодности што се неопходни за современиот потрошувач.
Од денеска гостиварци од овој дел на градот ќе имаат поголема можност секојдневно да пазаруваат поблиску до нивниот дом. Асортиманот во нашиот нов маркет е исклучително разновиден, со најразлични категории производи по најповолни цени, вклучително и нашиот приватен бренд 5ка, велат од менаџментот на „Жито“.
Новата продавница располага со простор за свежо овошје и зеленчук, а има три наплатни каси и дванаесет вработени.
Работното време е од понеделник до сабота, од 7:30 до 21:30 часот, а недела е неработен ден.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.