„Алкалоид“ со финансиска поддршка се приклучи кон граѓаните и компаниите кои донираа за настраданите луѓе во земјотресот во Турција и во Сирија.
По разорните земјотреси кои се случија во Турција и во Сирија нашите мисли се со луѓето во погодените подрачја од оваа невидена природна катастрофа. Во овие тешки моменти, како општествено одговорна компанија изразуваме силна солидарност и поддршка со финансиска донација од 3 милиони денари за погодените региони, соопштија од „Алкалоид“.
Средствата ќе се донираат преку Црвениот крст на Македонија. Во духот на нашата максима Луѓето пред сѐ, да ја покажеме хуманоста на дело!, апелираат од „Алкалоид“.
Фото: Алкалоид АД Скопје
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.