Македонија

Објавено специјалното издание MUST HAVE 2023!

14 Dec 2022

Од денеска очекувајте да го добиете најважното специјално издание за производителите, трговците и дистрибутерите, за целата година – InStore MUST HAVE 2023, што и оваа година го подготвија редакцијата на InStore и „Кликер маркетинг“. 

InStore MUST HAVE 2023 е препорака и презентација на најсилните FMCG - брендови на македонскиот пазар, кои задолжително треба да се најдат на полиците во маркетите. Ќе добиете и увид во тоа кои се топ-брендовите на „Веро“, „Тинекс“, „Вива фреш“, „Рамстор“, „Рептил“ и Paket.mk.

Поради континуираната насоченост на InStore да гради нераскинлива врска со брендовите, петта година по ред специјалното издание MUST HAVE ги анализира и поддржува брендовите на македонскиот пазар. Успешно ја подобрува и олеснува комуникацијата меѓу производителите и трговците, помагајќи им во креирањето на асортиманот. Со својата обемна содржина годинашното издание на MUST HAVE  ќе биде ваша карта за успешно менаџирање со брендовите и со асортиманот во 2023 година.  

Во рамките на петтото издание на  MUST HAVE 2023 повторно нудиме одлични и квалитетни содржини:

 „Кантар“

✔ „Фокус рисрч“

✔ „Нилсен медиа“

✔ „Индаго“

✔ „Инсајдер“

✔ „Еуромонитор“

✔ „Медиана“

Петтото издание на InStore MUST HAVE 2023 носи новини: визуелни и содржински. Врз основа на многубројните истражувања што ги добивме од водечките агенции во Македонија и во регионот, дојдовме до значајни информации за производителите и дистрибутерите, за тоа што сака потрошувачот, кои брендови сака да ги види на полиците, каква е амбалажата што го привлекува, кои се омилените вкусови и сл. 

MUST HAVE 2023 можете да го разгледате ТУКА



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...