Поради истекот на мандатот на членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, Надзорниот одбор донесе одлука за избор на членови на Управниот одбор, соопштија од компанијата.
За членови на Управниот одбор на „Алкалоид“ повторно се избрани: Живко Мукаетов, Милкица Глигорова, Ѓорѓи Јованов, Ќире Ицев и Виктор Стојчевски. Членовите на Управниот одбор се избрани за период од шест години сметано од 21.11.2022 година.
Истовремено, се соопштuва од „Алкалоид“, членот на Управниот одбор, Живко Мукаетов, се именува за Претседател на Управниот одбор на компанијата.
Во текот на последниот мандат на членовите на Управниот одбор на компанијата, во период од 6 години, вкупните консолидирани продажби на компанијата пораснаа за 80 милиони евра – од 127,6 милиони евра во 2015 година достигнаа 207,6 милиони евра во 2021 година. Инвестициите во основни средства во истиот период надминаа 105 милиони евра. Нето-добивката порасна речиси двојно – од 10,8 милиони евра во 2015 година, во 2021 година достигна 21,2 милиони евра, т. е. остварен е просечен годишен раст од 12 %.
Горенаведените резултати овозможија континуиран раст на повратот на инвестицијата за акционерите, во форма на дивиденда. Во периодот од 2015 до 2021 година дивидендата имаше просечен пораст од 12 % годишно, односно од 207 денари нето-дивиденда од акција во 2015 година, во 2021 година достигна 396 денари, соопштија од „Алкалоид“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.