Компанија dm по повод 19 ноември – Светскиот ден на мажите донираше два цитоскоп апарати во вредност од повеќе од 360.000 денари на одделот за урологија при Градската општа болница „8 септември“ во Скопје. Со оваа донација, како и со целата кампања Movember, компанијата има за цел да ја поткрене свеста за редовните прегледи, како неопходен дел од борбата за подобрување и зачувување на машкото здравје.
Среќни сме што од година во година изнаоѓаме нови начини да го оправдаме филантропскиот принцип – еден од постулатите на нашата компанија. Покрај тоа што во текот на целиот месец преку различни активности ја подигаме свеста за постоењето и превенцијата на машките болести, со оваа донација даваме и придонес на една од институциите кои работат конкретно на оваа проблематика, а ова нè прави особено горди, изјавија од компанијата.
Ноември, или популарниот „Movember“ е месец во знакот на грижата на машкото здравје и ја нагласува важноста на свесниот начин на живот и редовни здравствени контроли. Ракот на простата е втор најчест карцином кај машката популација, додека ракот на тестисите е најчестиот облик на рак кај мажите на возраст меѓу 15 и 34 години, а редовните прегледи се најзначајниот фактор за превенција. Грижата за машкото здравје не треба да се гледа како слабост или да биде фокусирана само во еден месец.
dm drogerie markt во изминатата деловна година донираше повеќе од 5,3 милиони денари во општествено одговорни цели. Меѓу другото, во текот на оваа година компанијата донираше повеќе од 1,6 милиони денари за подобрување на условите за родилките во пет јавни клиники во земјава.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.