Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО: ИнСторе на саемот СИАЛ во Париз (ГАЛЕРИЈА)

17 Oct 2022

Париз: „Инсторе медиа“ присуствува на еден од најголемите меѓународни саемски манифестации во прехранбената индустрија, саемот СИАЛ што се одржува во Париз од 15 до 19 декември. 

СИАЛ се организира секоја втора година, наизменично со саемот „Ануга“ во Келн. По паузата од четири години поради пандемијата, на оваа светска изложба ќе се претстават повеќе од 7.000 излагачи од 126 земји, со над 400.000 квалитетни производи на 250.000 квадратни метри.    

Саемот промовира повеќе тематски целини во рамки на десет изложбени павилјони, и тоа: национални павилјони и региони од светот, готова храна, смрзната храна, млечни производи, овошје и зеленчук, месо и риба, кондиторски производи, долготрајни производи, пијалак, органска храна. Се очекуваат повеќе од 300.000 посетители, од кои 75 отсто меѓународни.

Саемот во Париз и оваа година ќе претстави се што е важно за меѓународната трговска публика.. Со 10 павилјони, информативни случувања и конгресна програма, со претставување на сите трендови и иновации во индустријата, СИАЛ, без сомневање, и во 2022 ќе биде едно од најзначајните случувања за прехранбената индустрија во светот. 

Оваа година на саемот учествуваат 74 компании од регионот: шест од Македонија, пет од Словенија, 16 од Хрватска, 10 од Босна и Херцеговина и 37 компании од Србија. Од македонските компании, изложуваат кондиторски компании „Макпрогрес“ од Виница, „Макс“ од Струмица, „Лион“ од Свети Николе, „Жито пром“ од Гевгелија, потоа “Кадино груп“ и производителот на пијалоци „Соко Горица“ од Скопје.

 

Gallery: СИАЛ Париз



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...