Македонија

ССМ реагира на одлуката во туристичките места трговците да работат и во недела

28 Jun 2022

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) реагираше на измената во законот за „недела - неработен ден“, со што на трговците на мало во туристичките места им се дозволува да работат и во недела и на празник.

ССМ со право, уште на самиот почеток на процесот на уредување на недела како ден на неделен одмор укажуваше дека ова право во никој случај не смее да се регулира со друг закон освен со Законот за работните односи и дека во тој случај му се дава можност на еден министер со потпис да одлучува за судбината на работниците, што по 6 месеци се покажа како точно, иако во тој период од министрите бевме убедувани дека тоа нема да биде случај. Министерот, кој на 2 јануари се фалеше дека недела неработен ден е реалност, на 27 јуни се фали дека сите трговци во туристичките дестинации ќе работат во недела. Трговците можеа и до сега да работат, но самите, а на министерот очигледно не му се допаѓа тоа па сега работниците ќе им работат на трговците, соопштија од ССМ.

Вчера Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност. Според министерот за економија, Крешник Бектеши, со тоа се очекува дополнително да се поттикне  економската активност во земјата, посебно во туристичките места.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...