Македонија

Нов „Стокомак“ во Прилеп

22 јун 2022

Денеска (22 јуни) беа отворени вратите на новиот „Стокомак“ во Прилеп.

Новиот маркет, кој е вториот продажен објект на „Стокомак“ во овој град, се наоѓа во рамките на старите магацини на „Центропромет“. Се простира на површина од 597 квадратни метри и има обезбеден сопствен паркинг-простор.

Како што наведуваат од компанијата, новиот маркет нуди пријатна атмосфера за пазарување, богат избор на висококвалитетни производи по ниски цени и услужлив персонал.

Особено сме благодарни на нашиот најголем капитал – нашиот тим на вработени, кој неизморно се вложи и даде сè од себе за овој маркет да изгледа како што изгледа сега, нагласуваат од „Стокомак“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...