Македонија

Нов „Киппер“ во Битола

16 Jun 2022

Вчера (15 јуни) „Киппер“ го отвори новиот маркет во Битола, кој е вториот продажен објект на хард-дисконтерот во овој град и 89. во земјава.

Новиот „Киппер“ се наоѓа на булеварот Север-југ, бр. 100 и се простира на површина од 400 квадратни метри. За услугата се грижат седум вработени, а потрошувачите имаат на располагање две наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.400 прехранбени и непрехранбени производи.

Како што најавуваат од „Киппер“, следниот продажен објект ќе биде отворен во скопската населба Аеродром.

Првиот „Киппер“ во Битола беше отворен пред две години, на 27 август.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...