Во среда завршува рокот на дел од антикризните мерки што ги донесе Владата, по што се очекува дополнително поскапување на основните прехранбени производи.
Телевизија „Сител“ објави дека се очекува маслото за јадење на поскапи за 7 денари, а лебот за дополнителни 2 денари. Млекото би било поскапи за најмалку 3 денари, додека табла јајца и килограм ориз би добиле повисока цена за 5 денари.
Собранието во март ги усвои антикризните мерки предложени од Владата со кои се намалува ДДВ - то за основните производи за исхрана од 5% на 0% и се намалува акцизата на горивата. Притоа Владата на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10 отсто за одредени производи.
Со слободување на плаќање на ДДВ се опфатени лебот, брашното тип - 400, шеќерот, маслото, кравјото млеко, месото, оризот и јајцата.
Според статистиката, во април производите на мало поскапеле за над 11%., а инфлицата достигна 10,5%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.