Вчера (26 мај) „Киппер“ го отвори новиот маркет во Топанско Поле, во скопската општина Чаир, кој е 87. продажен објект во синџирот на хард-дисконтерот.
Новиот маркет е на улицата Георги Поп Христов, бр. 1. Вкупно се протега на површина од 500 квадратни метри, од кои 420 квадрати се продажен простор и 80 се магацински. Во него работат 7 луѓе, а потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.500 артикли.
Во планот за проширување на малопродажната мрежа за годинава следни локации се: Драчево, Прилеп и Битола, најавуваат од „Киппер“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.