Македонија

Нов „Киппер“ во Скопје

13 May 2022

Вчера (12 мај) хард-дисконтерот „Киппер“ отвори нов маркет во скопската населба Пинтија.

Новиот маркет, кој е 86. продажен објект на „Киппер“, е лоциран на булеварот Борис Трајковски, бр. 318. Вкупно се простира на 520 квадратни метри, од кои 470 се продажен простор, а 70 квадрати се користат како магацински простор. Во маркетот има три наплатни каси и за услугата се грижи тим од 8 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.500 артикли.

Од „Киппер“ за InStore ги потврдија следните планови за нови објекти: Во планот за проширување на компанијата за ова година следни локации се: два во Скопје и по еден во Прилеп и во Битола.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...