На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Како што рече Николовски, храна, брашно и зејтин има, нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата.
Процесот е почнат, околу 2.000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отворен Балкан“. Храна, брашно и масло има доволно, направен е увид во залихите. Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренeусваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Николовски.
Се прават сите напори, нагласи министерот уште еднаш, за обебзедање доволно суровини и производи стратешки за државата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.