Македонија

„Киппер“ го отвори 85. маркет

13 апр 2022

Денеска (13 април) хард-дисконтерот „Киппер“ отвори нов маркет во трговскиот центар „Вел сити“ во Велес, на адреса Благој Ѓорев,  бр. 108.

Ова е 85. продажен објект во синџирот маркети на „Киппер“.

Вкупната површина на новиот „Киппер“ изнесува 450 квадратни метри, од кои 400 се продажен простор, а 50 квадрати се користат како магацин. Во маркетот има две наплатни каси, а за услугата се грижи тим од 8 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.500 артикли.

Во планот за проширување за ова година следни локации се: Топанско Поле и Драчево во Скопје, Битола, каде што ќе биде отворен вториот „Киппер“, и Прилеп, градот во кој ќе го отвориме првиот маркет од нашата малопродажна мрежа, изјавија за InStore од „Киппер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...