Вчера (31 мaрт) „Киппер“ отвори нов маркет во Сарај, на улицата 20, бр. 89 (на главниот пат до ресторан „Фонтана“). Ова е 84. маркет во малопродажната мрежа на „Киппер“.
Вкупната површина на новиот маркет е 450 квадратни метри – 400 се продажен простор и 50 се магацински. Во него има две наплатни каси, а за услугата се грижи тим од 7 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.500 артикли.
Во планот за проширување на малопродажната мрежа за ова година следни локации се: Драчево, Прилеп, Велес и Битола, изјавија за InStore од „Киппер“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.