Македонија

Од денеска нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи

17 Mar 2022

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, и јајца мораа до денес, 17 март, да ги прилагодат фискалните апарати, соопштија од Управата за јавни приходи.

Ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погоре споменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од  0%, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност. 

Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за  основните производи за исхрана.

Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати. Оваа одлука ќе се спроведува од  денес и ќе трае до 31 мај 2022 година, велат од УЈП.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...