Македонија

Стопанска комора бара компаниите сами да одлучат дали ќе работат во недела

08 Feb 2022

Компаниите сами да одлучуваат дали ќе работат в недела или не - дел од стопанствениците бараат да се најде посоодветно законско решение од актуелното, а акцентот да се стави на инспекциските контроли. Градежната, прехранбената и трговската комора велат со стопирањето на работниот процес, трпат штети.  

Предлагаат да се преиспита и начинот на кој е дефиниран износот за додатокот на плата за работата во недела, бидејќи според комората може да се создаде дилема при утврдувањето на износот.

Доколку не се најде соодветно решение, со вака донесениот Закон, од кое се изземени многу суштински дејности, како градежништвото и трговијата, според Стопанската комора  можни се зголемувања на производните трошоци, затворање на капацитетите, намалување на конкурентноста и отпуштања.

Доколку им се излезе в пресрет на 18 месецов, комората најави повлекување на Иницијативата доставена до Уставен суд за оценување на уставноста на измените на Законот за работни односи.

Законот предвидува дека недела е ден за одмор за 92 отсто од работниците во земјава. Исклучок има за оние работни места каде не може да се прекине работниот процес односно за околу 8 отсто од работници. Со новото законско решение дозволено е да работат моловите, но вработените ќе добиваат двојна дневница. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...