Македонија

Просечната нето плата во ноември изнесувала 29.130 денари

21 Jan 2022

Просечната месечна исплатена нето - плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 29.130 денари, а во однос на ноември 2020 година, е зголемена за 5,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето - плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,4 проценти), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,5 проценти) и Информации и комуникации (11,3 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: дејности во врска со недвижен имот (3,9 проценти), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,5 проценти) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,9 проценти).

Како што информира ДЗС, просечната месечна исплатена бруто - плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 43. 509 денари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...