Македонија

Сите вработени во „Киппер“ нема да работат во недела

30 Dec 2021

Трговскиот синџир „Киппер“ објави известување дека од 1 јануари 2022 година сите маркети од неговата малопродажна мрежа нема да работат во недела и на државни празници.

Како што информираат, оваа одлука е донесена врз основа на новите измени на Законот за работни односи и Законот за трговија. Во известувањето се додава дека сите маркети „Киппер“ нема да работат на 1 и 2 јануари 2022 година.

На прашањето на InStore колку оваа одлука ќе влијае врз финансиските резултати на компанијата, од „Киппер“ ни одговорија дека очекуваат намалување на прометот од околу 10%.

Со оглед на тоа што во недела и за празници маркетите ќе бидат затворени, сите вработени ќе бидат слободни. Меѓутоа, новото законско решение не придонесува ништо во однос на одморите и слободните денови на вработените во маркетите, бидејќи сите тие досега имале и користеле слободни денови и денови за одмор во текот на работната недела, изјавија од „Киппер“.

Додаваат дека многу важно во однос на новиот закон е тоа што се прави дискриминација на трговците: Маркетите што се наоѓат во рамките на трговските центри и продавниците за трговија на мало каде што трговијата ја врши сопственикот ќе бидат привилегирани и ќе можат да работат во недела и за празници. Од овој аспект, не се третират исто сите маркети што имаат влијание на економскиот пораст и развој на државата. Затоа, сметаме дека ниту еден субјект не треба да има привилегирана позиција и законот треба да биде ист и да важи исто за сите!



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...