Македонија

Октомвриската просечна плата стигна до 29.145 денари

23 Dec 2021

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето - плата по вработен, во октомври 2021 година, изнесува 29.145 денари.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2.1 %) и Други услужни дејности (2.0 %), соопштија од ДЗС.

Највисоки остануваат платите на компјутерските програмери со просек 73.540 денари,  вработените во стручните и научни дејности со 49.352 денари, фармацевтите со 47.933 денари и вработени во воздухопловниот транспорт со 45.656 денари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...