„Жито лукс“ денес во организацијата на Црвениот крст донираше 50 пакети со брашно од по 5кг и 100 тост лебови како придонес на компанијата во кампањата „Помислете и на нас“ која традиционално ја организира Црвен крст на Македонија - Црвен крст на град Скопје, со цел поттикнување на компаниите да се вклучат во обезбедување парични средства или храна за најранливите категории семејства.
Оваа акција истовремено е дел од глобалните акции за борба против гладта чија цел е подигање на свеста на јавноста за проблемите со сиромаштијата, како и за поттикнување поддршка од општествено одговорните компании за помош на ранливото население.
Кампањата „Помислете и на нас“ започна на 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладот и ќе трае до 22 октомври. Во овие денови, донациите со намирниците кои се потребни, ќе се достават до лица со социјален ризик.
Социјално загрозените семејства се редовно во фокусот на нашите општествено одговорни активности. Она што им е најпотребно на овие луѓе е храната, а најнеопходни животни намирници секако се брашното и лебот. А тоа е токму она што го нуди нашата компанија. Затоа и се трудиме што може повеќе да помогнеме за да им го олесниме животот на оние кои имаат потреба од помош, а со тоа и да бидеме дел од активната борба против гладот и посветеноста кон подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани, соопштија од „Жито лукс“.
„Жито лукс“ и претходно соработуваше со Црвен крст има остварено соработка и повеќепати досега донирано свои производи кои волонтерите на рганизацијата ги распоредуваа таму каде е најпотребно.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.