Македонија

„Дм дрогерие маркт“ донираше 50 инфузиони пумпи

15 Sep 2021

Компанијата „дм дрогерие маркт“ донираше 50 инфузиони пумпи во вкупна вредност од речиси 4 милиони денари во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Со оваа донација компанијата има за цел да придонесе во борбата против корона вирусот, но и да ја подобри опремата за сите пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја. 

Компанијата активно го поддржува здравствениот систем од почетокот на пандемијата, во прилог на што говорат повеќекратно извршените донации на медицинска опрема потребна за повеќе болници низ Македонија.

Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја, изјавија од компанијата.

Инфузионите пумпи се веќе испорачани и ставени на располагање во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...