Македонија

„Веро“ го доби престижниот сертификат „Фер со потрошувачот“

27 Jul 2021

„Веро“ се стекна со ново признание за почитување на потрошувачките права, го доби престижниот сертифкат „Фер со потрошувачот“.

Сертификатот го доделува одбор за сертификација, овластено и мошне ценето сертификациско тело составено од три институции во земјава кои работат на заштита на потрошувачите и унапредување на конкурентноста на македонската економија – Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ), Независната асоцијација за развојни иницијативи „Зенит“ и Здружението на бизниси и консултанти „Креација“.

Приоритет на корпоративната политика на „Веро“ секогаш, пред сѐ е задоволството и безбедноста на потрошувачите. „Потрошувачот е нашиот шеф“ е мотото на „Веро“ од самиот почеток на постоењето и работењето во земјава и во регионот. Навистина ни е многу драго кога потрошувачите ги препознаваат нашите напори кои ги вложуваме со цел задоволување на нивните високи барања и очекувања. Кога нашите заложби ќе бидат препознаени и од надлежните институции кои се најмеродавни за нивна оцена и кои имаат долгогодишно искуство во заштита на потрошувачите права, тогаш тоа ни дава уште поголем мотив да продолжиме понатака со исто темпо. „Веро“ секогаш е тука за своите потрошувачи, секогаш спремен да ги сослуша, да им помогне и да им излезе во пресрет и да ги исполни нивните потреби и очекувања, изјави Петар Денковски, генерален директор на „Веро“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...