Македонија

Сојузот на стопански комори ќе соработува со колегите од Приморска Словенија

13 Jul 2021

Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанска комора на Приморска Словенија со цел унапредување на економската соработка меѓу двете држави со акцент на секторите земјоделство, туризам, логистика и медицина.

Во изминатите години успешни мултинационални компании основани во Копер, а со своја дејност регистрирани и во Македонија активно работат во областите на транспорт, логистика и медицина. Успешната соработка со Стопанската комора на Приморска Словенија денес ја формализираме со договор, изјави претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.

Деловните субјекти од нашата држава, како што посочуваат од Сојузот на стопански комори, имаа веќе развиена соработка со своите словенечки партнери која има потенцијал да се прошири и продлабочи со интензивирање на коморската соработка.

Во Словенија се работи многу на развој на еколошкиот туризам, исто така имаме и високо квалитетни земјоделски производи и маслиново масло. Простор за соработка гледаме и во секторот на автоматизација и дигитализација, а нашето искуство во преговорите со ЕУ, исто така, може да биде корисно со почнување на претпристапните преговори за членство на вашата земја, изјави Роберт Ракар, извршен директор на Стопанска комора на Приморска Словенија.Во рамките на посетата во Сојузот на стопански комори се одржал и состанок со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој ги презентирал можностите инвестиции во земјоделството.

Овој меморандум за соработка, ќе биде спроведен на начин што ќе обезбеди, поттикнување, развивање и обезбедување на сите облици на соработка помеѓу Сојузот и Комората, како и зголемување на потенцијалите за промоција, поттикнување и развој на сите форми на соработка помеѓу делoвните заедници, поддршка за реализација на инвестициски проекти и заедничко планирање и организирање на настани за соработка меѓу двете земји, наведуваат во соопштението.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...