Македонија

УЈП изрече повеќе од 400 глоби за неиздавање фискални сметки

02 Jul 2021

Управата за јавни приходи (УЈП) по завршувањето на најголемиот бран на ковид-кризата, спроведе контроли кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки и изрече повеќе од 400 глоби, кажа директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Уште првата година по воведувањето на апликацијата „Мој ДДВ“ за граѓаните имавме огромен број пријави за неиздавање фискални сметки, кои одеа преку анонимни пријави. Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број акции и контроли. По завршувањето на бранот, изречени се повеќе од 400 казни, за даночните обврзници низ целата држава, рече Лукаревска.

Во текот на минатата година, биле извршени вкупно 807 контроли согласно со Законот за регистрирање готовински плаќања, а кај обврзниците се направени вкупно 17.120 проверки на усогласеноста по основ на фискализација, покажаа податоците на УЈП.

Со новите измени на Законот за регистрација на безготовинските плаќања, со кој се изврши усогласување со новиот Законот за прекршоци, се пропишуваат поединечни распони на глобите за микро, мал, среден и голем трговец, како и за одговорното лице, а се утврдуваат и глоби за трговец поединец и лице кое самостојно врши дејност.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...