Македонија

Двојно поголема дневница за работниците во трговските центри за работа в недела

03 јун 2021

Дневница зголемена за 100 проценти од основната и слободен ден ќе добиваат работниците во трговските центри, кои ќе работат во недела, бидејќи станува збор за неесенцијална дејност. Останатите работници од дејностите на кои поради спецификата или неопходноста за фунционирање на државата ќе им биде дозволено да работат во недела ќе добиваат дневница зголемена за најмалку 50 проценти и слободен ден, но, таа може да биде и повисока ако тоа се утврди со колективен договор или на друг начин.

Од ССМ најавуваат дека по донесувањето на законското решение со кое ќе се регулира работа во недела, ќе се трудат да ги усогласат колективните договори со него.

Во Законот за работни односи(ЗРО) сите есенцијални дејности се вели да добијат зголемување од најмалку 50 посто, а во колективни договори тоа може да стане и 100, 150 или 200 проценти, односно се дава можност во колективните договори да може да се даде поголем износ. По донесувањето на ЗРО во членот за денот недела како неработен ден ние како синдикати ќе се потрудиме врз основа на тој член да ги усогласиме нашите колективни договори и како колегите од трговија да побараме 100 или повеќе проценти дневница за работниците кои ќе работат во недела, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Тој вели дека законот нагласува дека миниумот е поголема дневница за 50 проценти, но ако во колективните договори износот е поголем ќе биде применета поповолна дневница.Министерството и Владата гарантира 50 посто, а ние како Синдикат и работодавачи може да се согласиме таа да изнесува повеќе, кажа Димовски.

Според него, има 43 дејности за кои се смета дека се неопходни поради видот на технолошкиот процес или есенцијална дејност заради фунционирање на државата и поради тоа мора да работат и во недела.

Во нивните колективни договори со работодавачите ќе бараат право како во трговијата дневницата да биде најмалку 100 процент, рече тој.

Министерката за труд и социјална политика , пак појасни дека вработените во гранки  каде што е дозволено нема да работат во полн капацитет.

Проценките се дека ќе работаат околу 30 отсто од нив. Со предвидувањето на надоместот за работа во недела од 50 отсто доколку со колективен догвор или на друг начин не е поголем износ, сакаме да испратиме порака дека не сакаме да ускратиме право на работници, како оние во здравството, кои добиваат поголеми дневници согласно колективни договори. Зошто се прави разлика и за моловите се предвидува дневница поголема за 100 проценти? Затоа што тоа не е техничко-технолошки процес кој не може да се прекине или есенцијална дејност, рече Шахпаска.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...