Македонија

Институтот „Козле“ доби опрема од донаторската акција на „Жито лукс“ и „Тинекс“

18 May 2021

Колички за дистрибуција на терапија и колички за хигиена доби Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, како резултат на хуманитарната акција која на почетокот на годинава ја организираа „Жито лукс“ и „Тинекс“, а со која за секој купен производ од палетата на „Жито лукс“ во некој од маркетите на „Тинекс“, дел од средствата се издвојуваа со цел набавка на опрема за подобрување на условите на функционирање во Институтот.

„Жито лукс“ уште од самиот почеток на пандемијата посвети посебно внимание на помош на најранливите категории кои беа сериозно погодени од кризата. За нас како компанија, здравствените установи, особено оние во кои што се згрижуваат најмладите пациенти, се во постојан фокус кога станува збор за општествено одговорните активности, изјавија од „Жито лукс“.

Давајќи ја својата поддршка веруваме дека придонесуваме кон подобро и поквалитетно здравство преку осоврменување на медицинската опрема, а се со цел на пациентите да им се овозможат подобри услови за лекување. Справувајќи се со предизвиците наметнати од пандемијата на вирусот, водејќи се од својата заложба за општествена одговорност, во изминатава година активно влијаеме за подобра заштита на здравствените работници, како и на заболените од Ковид – 19, велат од „Тинекс“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...