Македонија

Денеска се отвори нов „Киппер“ во Тетово

29 Mar 2021

Синџирот хард-дисконти „Киппер“ денеска (29 март) го отвори 61. маркет во малопродажната мрежа.

Новиот маркет е во Тетово, на адреса Борис Кидрич, бр. 62. Се простира на продажна површина од 560 квадратни метри, со дополнителен магацински простор од 50 квадрати. Потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси, а за услугата се грижат вкупно 10 вработени. Понудата во маркетот ја сочинуваат околу 2.300 артикли и освен редовниот асортиман, има и месарница со свежо месо, овошје и зеленчук и садови за домаќинството.

Од менаџментот на компанијата за InStore откриваат дека во блиска иднина во план е отворање нови маркети во с. Лешок, Куманово, Кичево, Штип, Радовиш, Ресен итн.

Како и минатата година, и сега „Киппер“ е фокусиран на проширување со продажни објекти низ цела С. Македонија. Нашата цел е да бидеме први во оваа бранша, со што сакаме да бидеме блиску до секој можен потрошувач во нашата држава. Се стремиме кон најдобрата понуда за купувачите, кои кај нас постојано ќе имаат го имаат најдобриот однос меѓу цената и квалитетот, изјавија за InStore од „Киппер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...