Македонија

10 години InStore - промовирани над 60 маалски продавници

16 Mar 2021

Секојa алка FMCG-секторот е многу важна за доброто функционирање на трговијата, што во голем дел важи и за малите или маалските продавници. Нивната значајност е особено видлива на македонскиот пазар, што го покажуваат и бројките - пред петнаесетина години, 85 отсто од производите се продавале во помали продавници. Денес, пак, 30 отсто од производите се продаваат во КА („Нилсен“). Тоа покажува дека КА земаат замав, но малите се уште силни и не попуштаат под налетот на времето. 

Знаејќи колку се важни и најмалите алки во склопување на целата слика за FMCG секторот кај нас, уште од првиот број на InStore посветувавме особено внимание на посетата и разговорот со сопствениците на маалските продавници. На нашите страници објавивме повеќе од 60 интервјуа со нив, преку кои ѝ го доближивме на јавноста предизвикот пред кој се исправени малите бизниси. Една деценија InStore е и нивниот глас, со цел да информираме за нивните успеси и нивната улога кај потрошувачите, но и за предизвиците пред кои се исправени, битката со големите трговски синџири, начинот на кој ги надминуваат проблемите, трендовите кои ќе мораат да ги следат под налетот на нови технологии...Прв наш соговорник во оваа рубрика беше Дејан Велевски, во 2012 година, сопственик на тогашната ДООЕЛ „Дени Радово“ лоцирана во Скопје. По Дејан, имавме уште многу интересни соговорници, од продавници во речиси сите градови на Македонија. Нивните сопственици отворено кажуваа дека многу им значи што InStore ја шири нивната приказна.   

А ние знаеме дека гласот на „малиот“ е исто важен како гласот на „големиот“. Затоа приказните од нашите маалски продавници беа меѓу најчитаните четива на www.instore.mk, а нивни сопственици ни се редовни гости на FMCG - самитите што InStore ги организира секоја година.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...