Македонија

„Жито Лукс“ инвестира во модернизација на производната линија

03 Mar 2021

„Жито Лукс“ реализира нова инвестиција во фабриката за производство на леб.

Компанијата инсталираше нова, современа технолошка опрема за пакување на тост лебовите на парчиња. Целта е модернизација на процесот, но и унапредување на квалитетот и зголемување на безбедноста на производот. Од компанијата велат дека потрошувачите ќе може да ја забележат промената деновиве. Примената на новата технолошка опрема, исто така, ќе го зголеми и капацитетот на производство во оваа растечка категорија.

Со инвестициите што ги спроведуваме во последните неколку месеци, правиме големи чекори напред во обезбедување ефикасност и одржливост на нашата компанија. Со оваа нова инвестиција, ги надградуваме нашите стандарди во создавање модерен, попрактичен и безбедно спакуван тост леб на парчиња, со врвен квалитет, сѐ со цел да одговориме на барањата на потрошувачите, што е и наш приоритет. Овие инвестиции се реализираат во тешки и предизвикувачки времиња за целото општество и светската економија и јасно го прикажуваат духот на луѓето во нашата компанија, за што сме многу горди, велат од менаџментот на „Жито Лукс“.

Ова е втора голема инвестиција во „Жито Лукс“ што следи по неодамнешната модернизација на производството со целосна дигитализација и автоматизација на дистрибуцијата на брашно во фабриката за леб. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...