Институтот за економски истражувања и политики, „Фајнанс тинк“, објави иконографик кој прикажува колку работници, кога ќе се донесе законското решние за неработна недела ќе работат за време на овој ден и колку работници нема да работат.
Според иконографикот, околу 43.000 работници или само 6 отсто од сите вработени ќе престанат да работат во недела, додека останатите 84.000 работници кои работот во недела, или ќе продолжат да работат затоа што работниот процес не може да се прекине, или затоа што работат нерегистрирана дејност.
Иконографикот покажува дека 38.998 работници ќе работат во нерегистрирани работат во недела, а 44,858 ќе работат во недела бидејќи работниот процес не може да се прекине.
Вкупниот број на вработени од третиот квартал од 2020 година изнесуваше 785.561 лица.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.