Македонија

Ново пиво на „Пивара Скопје“

15 Feb 2021

„Пивара Скопје“ лансира ново пиво на македонскиот пазар - Heineken 0.0 со нула алкохол.

Од компанијата соопштија дека станува збор за освежително безалкохолно лагер пиво кое овозможува уживање во светски познатиот Heineken квалитет во секое време и на секое место. Heineken 0.0 порачува #СегаМожеш, нудејќи им на љубителите на пивото дополнителна опција за уживање без алкохол.

Збогатувањето на своето портфолио на пива, „Пивара Скопје“ го прави во вистински момент, соопштија од компанијата.

Heineken 0.0 доаѓа во вистинско време. Нашата цел е со Heineken 0.0 да понудиме поинакво уживање, ослободено од ограничувањата кои консумацијата на алкохол може да ги нaметне, а сепак да уживаме во вистински вкус на пиво со премиум квалитет. Со проширувањето на портфолиото токму во сегментот на премиум безалкохолни пива, го поттикнуваме развојот на оваа категорија која кај нас е во зародиш и воедно продолжуваме да ја промовираме одговорната консумација. Нашата стратегија за успешно позиционирање на Heineken 0.0 на пазарот се темели пред сè на градење свесност и препознатливост на брендот и создавање нови прилики за консумација секаде каде што има потенцијал, затоа што Heineken 0.0 отвора сосема нов свет на можности за различни категории потрошувачи, изјави Слободан Видиќ, комерцијалeн директор на „Пивара Скопје“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...