Компанијата „Гранд пром Зур“ отвори нов „Дим маркет“, кој е 8. продажен објект од овој формат.
Хард-дисконтот беше отворен минатиот четврток (24 декември) во скопската населба Долно Лисиче, на улицата 1, бр. 19А. Маркетот зафаќа површина од 280 квадратни метри.
Асортиманот го сочинуваат околу 2.000 активни производи. За услугата се грижат 8 вработени, а потрошувачите се услужуваат на две наплатни каси.
Горди сме што можеме и во ова време, кога се соочуваме со различни предизвици, да ја прошируваме продажната мрежа. Постојано сме во потрага по нови локации, со цел да бидеме поблиску до нашите потрошувачи, изјавија за InStore од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.