Управата за јавни приходи го продолжи рокот за поднесување барања за финансиска поддршка до утре, четврток, 12 ноември. Барањата се однесуваат на финансиска поддршка за исплата на плати за компаниите и за самостојните вршители на дејност.
Барањата се поднесуваат до 10-ти во месецет за претходниот месец, меѓутоа како што појаснуваат од УЈП во соопштението до медиумите, одложувањето е поради подоцнежна објава во Службен весник на Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците и Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност.
Овие правилници се основ за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 на веб платформата на УЈП, велат од даночната управа. Од УЈП додаваат дека одложувањето е и поради масовно поднесување на барањата веднаш по поставувањето н ааобраасците на интернет страницата, што придонесе до преоптоварување на системот.
Инаку, оваа мерка е дел од Четвртиот пакет економски мерки што го донесе Владата, кој меѓу другото им овозможува на компаниите кои се погодени од здравствено економската криза со КОВИД-19 да добијат финансиска поддршка за исплата на плати за октомври, ноември и декември 2020 година, како и финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.