Македонија

Бектеши: 400 компании ќе добијат 17,2 милиони евра за реализација на инвестиции

11 Nov 2020

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Владата ја усвоила листата на компании кои што ги исполниле условите на Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста.

Вкупно 400 компании кои инвестирале во текот и во пост -ковид периодот ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка од државата, стои во објавата на министерот.

Според Бектеши, тоа значи дека ќе се реализира оваа мерка, која беше дел од третиот сет економски мерки во рамки на Министерството за економија за справување со последиците од Ковид-19.

Министерството за економија во наредниот период ќе склучи договори со компаниите за реализација на инвестициите со што ќе започне и исплата на средствата.Целта на оваа мерка е директно да ги поддржиме компанииите со цел да се стабилизира и обнови нивната конкурентност вклучувајќи го и враќањето на изгубените пазари со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат заздравување на домашната економија преку реализација на инвестициски проект во текот и во пост-ковид периодот од март 2020 до декември 2021 година“ напиша министерот Бектеши, се наведува во соопштението од Министерството за економија, објави тој. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...