„Пекабеско“ донираше 42.800 парчиња трослојни заштитни маски и 5.000 заштитни мантили во вредност од 1.180.000 денари и со тоа се приклучи на општествено-одговорните компании, организации и хумани граѓани кои постојано пружаат несебична поддршка на здравствениот систем.
Како компании-лидери имаме двојна одговорност во вакви кризни времиња. Првата е секојдневно да се бориме со економските последици, а истовремено да се избориме да го задржиме бројот на вработени и редовно да ги плаќаме платите, даноците и другите јавни давачки со цел да придонесеме за функционирање на целокупниот општествено-економски систем. Втората улога која е еднакво важна, а тоа е максимално да ја покажеме личната и корпоративната одговорност, давајќи конкретна поддршка и помош за здравствените работници кои деноноќно се наоѓаат во првите Ковид-19 борбени редови“, изјави првиот извршен директор на „Пекабеско“, Слободан Кутревски.
Од компанијата најавуваат дека поддршката што ја обезбедуваат во борбата со Ковид-19 ќе продолжи и во иднина.
Постојано сме во координација со нашите партнери и соработници во рамки на општествено-одговорната компонента на „Пекабеско“. Веќе се планираат и донации во храна за дел од семејствата кои се во социјален ризик, како и други активности онаму каде што е најнеопходно. Би сакал да ги повикам сите наши соработници и други компании да ги следат општествено одговорните практики на бизнис-заедницата, бидејќи во оваа криза предизвикана од Ковид-19 е повеќе од неопходно секој од нас да го даде својот придонес во рамки на своите можности, посочи Кутревски.
Од почетокот на ковид-кризата, „Пекабеско“ во неколку наврати донираше пакети со храна за социјално загрозени семејства. Компанијата ја продолжи и годишната соработка за поддршка на Пунктот за бездомници на Црвениот крст на Градот Скопје преку донација на производи.
Исто така, на почетокот на корона-кризата „Пекабеско“ изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година, а презема и низа други мерки со цел дополнителен конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.