Синџирот хард-дисконти „Киппер“ продолжува со експанзијата на малопродажната мрежа.
Најновиот маркет беше отворен во понеделникот, на 2 ноември, во гостиварското село Дебреше. Вкупната површина е 550 квадратни метри, од кои 470 квадрати се продажен простор, а 40 квадрати се користат како магацински простор.
Потрошувачите имаат на располагање 2 наплатни каси, а за услугата се грижат вкупно 9 вработени. Асортиманот го сочинуваат 2.350 производи.
Ова е 57. маркет во синџирот на „Киппер“. Претходниот маркет беше отворен во Кичево пред околу половина месец (19 октомври).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.